Eвертон реагирал до ФА по глупоста на Геј против Јунајтед
Мојс нагласи дека Англиската асоцијација не дала никакво образложение за одбивањето на жалбата, што значи дека Геј ќе ги пропушти следните три натпревари во Премиер лигата, против Њукасл, Борнмут и Нотингем форест.
Геј уште во 13. минута од натпреварот во понеделникот против Манчестер јунајтед во една расправија му удри шлаканица на Кин и веднаш доби директен црвен картон.
И покрај тоа, Евертон успеа да поведе во 29. минута и со играч помалку да стигне до победа од 1-0 на гостувањето во Манчестер.
Клубот од Ливерпул во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи објави фотографија на која Геј и Кин се прегрнати и носат боксерски ракавици. Геј оваа сезона беше стартер на сите 12 натпревари во Премиер лигата и постигна два гола.
All love.💙 pic.twitter.com/A9jljqm4Ia
— Everton (@Everton) November 27, 2025