Проблеми во ВМФЛ: Најмалку четири натпревари утре нема да се играат
Според најавите четири натпревари сигурно нема да е играат и тоа се: Детонит - Скопје, Осогово - Новаци, Слога - Охрид и Кожуф - Вардар Неготино.
Исто така под знак прашалник е и дуелот помеѓу Големо Коњари и Тетекс, прилепскиот клуб поради состојбата на теренот го одложи и претходниот дуел на свој терен против Охрид.
Засега не е познато кога одложените дуели ќе се одиграат, меѓутоа веројатно ќе биде напролет.
НАТПРЕВАРИ ОД 15. КОЛО
Детонит - Скопје
Големо Коњари - Тетекс
Кожуф - Вардар Неготино
Осогово - Новаци
Победа - Брегалница
Шкендија Арачинново - Каменица Саса
Слога Виница - Охрид