Кошаркарите се „чекираа“ во Даблин, ќе имаат три тренинзи пред битката со Ирска

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва пристигна во Даблин каде што в недела ќе го играме натпреварот против Ирска во второто коло од претквалификациите за ЕП

Избраниците на селекторот Марјан Илиевски ја завршија задачата дома и ја оправдаа фаворитската улога против Азербејџан (87-49), а сега пред нас е уште еден натпревар во кој влегуваме со улогата на фаворит.

Во Даблин кошаркаркарите пистигнаа преку Истанбул и таму ќе одработиме три тренинзи пред натпреварот со Ирците, првиот е закажан за утре наутро од девет часот, вториот попладнето и последниот ќе биде утрото пред натпреварот кој се игра во терминот од 18:00 часот.