Флик составил список на желби, има план за посилна Барселона!
Во разговор со спортскиот директор Деко, Флик појаснил дека му се потебни централен дефанзивец, крилен напаѓач и класична „деветка“.
Најголем приориет е доведување на стопер кој игра со левата нога, заминувањето на Иниго Мартинез минатото лето остави голема празнина и Флик смета дека му недостасува фудбалер од таков профил.
На листата желби се: Гонзало Инасио, Џејсон Муриљо, Нико Шлотербек, Луис Бенедети и Марк Гуехи кој од лето ќе биде слбооден. Како идеални опции се споменуваа Бастони и Шлотербек кој има откупна клаузула од 60 милиони евра.
Исто така потребно е и засилување во нападот бидејќи Левандовски ќе наполни 38 години. Тука се споменуваат: Хулијан Алварез, Хари Кејн, Серхи Гираси и Ете Ејонг.