Спектакуларен гол во Хрватска - како Ибрахимовиќ во најдобрите денови! (ВИДЕО)

Од Хрватска од вториот ранг во фудбалот во оваа земја ни пристигнува еден спектакуларен гол во стилот на Златан Ибрахимовиќ.

Во центарот на вниманието се најде фудбалерот на Сесвете, Иван Шараниќ кој успеа по едно нафрлување топката со пета да ја смести во мрежата на Ориент.

Посебно важно за него е што овој гол се покажа како клучен и со него Сесвете ги освои бодовите од натпреварот.