ФФМ жестоко ја казни Шкендија Арачиново – до крај на март ќе игра без публика!

Екипата на Шкендија Арачиново доби жестока казна од Дисциплинската комисија на ФФМ поради инцидентот на мечот против Брегалница (0-1), кога на полувремето еден од редарите се дрзна физички да нападне противнички фудбалер.

Второлигашот, кој своите средби ги игра на стадионот во Синѓелиќ, следните четири средби како домаќин ќе ги игра пред празни трибини. Со оглед што до крајот на есенскиот дел има уште еден меч против Каменица Саса, останатите три ќе ги „одработи“ следната година и тоа против Преспа, Скопје и Детонит. Првиот следен меч на кој ќе има помош од трибините, екипата на Шкендија ќе го одигра на 28 март следната година против Беласица.

Арачиновци ќе треба да платат и 4.000 евра како парична казна за лоша организација на натпреварот против штипјани. Казни добија уште и Илјази Седат (претставник на Шкендија Арачиново) со забрана за вршење функција во траење од три месеци, Ајдари Шкелќим со забрана за вршење функција во траење од три месеци, Исуфи Авдираман (комесар за безбедност на Шкендија Арачиново) со забрана за вршење функција во траење од една година, како и фудбалерите Кристијан Чурлинов (Шкендија Арачиново) со забрана за настап на еден натпревар и Јасир Беќири (Шкендија Арачиново) со забрана за настап на два натпревари.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by sportski.mk (@sportski.mk)