Утка за историја: Фудбалер на Силекс промаши празен гол од само неколку метри (ВИДЕО)
Босанскиот интернационалец во дресот на Силекс, Миљан Говедарица, ќе влезе во аналите, откако не успеа да погоди во празната мрежа на Арсими и тоа од само неколку метри.
Претходно, еден од дефанзивците на гостите заглави во калта, што на домашниот фудбалер му отвори шанса да изедначи, но тој успеа да промаши од позиција од која и мало дете би погодило.