Клубот на Тричковски го помина и Аренал - единствен е без примен гол

Неделава се одигра ново коло во европските купови, имаше возбудувања во трите натпреварувања и голем број интересни резултати.

Арсенал остана единствен непоразен во Лигата на шампионите, но го прими првиот гол во елитното натпреварување, во дербито против Баерн. Така, сега без примен гол во трите лиги на УЕФА е кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака чиј генерален директор е поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски.

АЕК се натпреварува во Конференциската лига и по четири одигра кола има гол разлика 5-0. Оствари две победи (против АЗ Алкмар и Кристал Палас) и два нерешени резултати (Абердин и Ријека) и во моментов се наоѓа на седмата позиција на табелата која води директно во осминафиналето од ова натпреварување.

Во следното коло, АЕК гостува во Шведска, кај Хакен кој се наоѓа на 31. место на табелата.