Ѓоковиќ им даваше часови по јога на Формула 1 возачите (ВИДЕО)
Тој потпиша договор за рекламирање со една авио компанија пред околу една година, а бидејќи оваа агенција е еден од главните спонзори на трката, јасно е дека 24-кратниот шампион на Гренд слем турнирте ќе биде присутен таму. Дали ќе присуствува на трката - ќе дознаеме кога ќе дојде време, но слободното време го искористи за да му одржи час по јога за Франко Колапинто, возачо од Аргентина и уште некои други луѓе од најбрзиот циркус во светот.
„Му благодарам на Новак за часот. Не можев да го поднесам загревањето, толку сум вкочанет. Беше неверојатно да се види Новак како демонстрира и се движи. Дури и тие неколку минути ми помогнаа да разберам колку работа е потребна за да се биде број 1“, додаде Колапинто.
Секако, актуелниот светски број 4 покажа феноменална флексибилност, што е важна карактеристика на неговите сите овие години на врвот на тенисот.