Скандал пред СП: Држава која се пласираше одлучи да ја бојкотира ждрепката!
Иран одлучи да ја бојкотира ждрепката откако САД одбиле да издадат визи за неколкумина членови на нивната делегација.
„Ја информиравме ФИФА дека донесените одлуки не се поврзани со спортот и дека членови на иранската делегација нема да учествуваат на ждрепката на Светското првенство“, објави портпаролот на Иранската фудбалска федерација.
Според локалните медиуми, меѓу оние кои не добиле виза е и претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Тај, како и извршниот директор на репрезентацијата Мехди Карати.
Иранската новинска агенција „Тасним“ во октомври објави дека Американците одбиле визи на вкупно седум ирански функционери.
Фото: ЕПА