И Левандовски не можеше да верува каков глупав потег направи Араухо (ФОТО)

Капитенот на Барселона, Роналд Араухо повторно беше трагичар на својот тим на натпревар од Лигата на шампионите.

Пред две сезони доби црвен картон во реваншот против ПСЖ, минатата му овозможи на Ачерби да постигне гол за Интер за израмнување во судиското продолжение, а во вторникот пак беше исклучен во првото полувреме од мечот со Челси. За кратко време Уругваецот доби две јавни опомени и мораше да си замине во соблекувална пред истекот на воведните 45 минути.

Стартот за вториот жолт картон беше апсолутно непотребен, на средината од теренот, без опасност Челси од таа акција да го загрози голот на Барселона што по натпреварот посочи и тренерот Ханси Флик.

Стартот над Кукуреља толку беше груб и глупав што дури и Левандовски, како што може да се забележи на фотографијата, се фати за главата и очигледно знаеше што следува.