Јаневски по само три ипол месеци и пет порази во низа ја напушта Красава!
Тој го презеде тимот во втората половина од август, но неговиот мандат траеше само три и пол месеци. Иако зад себе има богато искуство на Кипар – работејќи во Неа Саламис, Олимпијакос Никозија, Енозис и Етникос Ахна – овојпат не успеа да го подигне тимот и да обезбеди подобар почеток на сезоната.
Искусниот стратег во минатото ја водеше и македонската репрезентација, во периодот од август 2012 до септември 2013 година, а ги има предводено и Црвена Звезда и Вардар. Красава наскоро ќе назначи нов тренер кој ќе се обиде да ја стабилизира екипата и да го осигура опстанокот во Првата лига на Кипар.