Еден од најдобрите босански фудбалери во историјата ја завршил кариерата!

Поранешниот фудбалер на Лион, Рома, Јувентус и Барселона, Миралем Пјаниќ според последните информации од Италија ја завршил својата кариера како фудбалер.

Пјаниќ кој има 35 години веќе некое време е без ангажан, последниот го имаше во ЦСКА Москва од каде што замина на почетокот на оваа година.

„Туто Меркато“ пренесува дека одлуката да ја заврши кариерата, Пјаниќ ја донел откако пропаднала опцијата да се врати во Јувентус каде што помина еден од најдобрите периоди од кариерата.

Исто така се наведува дека поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина донеел одлука да продолжи да работи како спортски агент.

Во својата кариера, Пјаниќ одигра 655 натпревари на клупско ниво и 115 за репрезентацијата на БиХ. Најдобрите денови од кариерата ги помина во Серија А како фудбалер на Рома и Јувентус, а по преселбата во Барселона никогаш не успеа да ја врати посакуваната форма.