„Војната“ продолжува: Лапорта жестоко му возврати на Перез!

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта, жестоко го напаадна Флорентино Перез по неговиот говор на Генералното собрание кадде што повторно зборуваше за случајот „Негреира“.

Лапорта таквите изјави на првиот човек на „кралевите“ ги означи како „непримерни“ и возврати дека Реал Мадрид е тој кој има помош од судиите.

„Сега имав време да размислам за она што беше кажано на собранието на Реал Мадрид. Тогаш не реагирав, но време е да дадам коментар“, започна Лапорта, па продолжи:

„Од сè што слушнав, најмногу впечаток ми остави нивната постојана опседнатост со Барселона. Се добива чувство дека мора да нè спомнат за да оправдаат нешто, не знам што точно. Секојдневно се појавуваат околу случајот „Негреира“, кој го развлекуваат бескрајно, иако знаат дека нема никаква суштина.

Тоа е нивен обид да одржат жива приказна која не држи вода. Барса никогаш не платила судија, а ако некој бил привилегиран од судиите низ историјата, тоа е Реал Мадрид.“

Според Лапорта доказ за неговото тврдење е и неговиот последен натпревар во Ла Лига против Елче.

„Постигнаа два гола кои не требаше да бидат признати. Кај првиот, јасно се гледаше дека Џуд Белингам играл со рака, а кај вториот Винисиус му го скрши носот на Ињаки Пења. И двата гола беа нерегуларни. Да беше правилно судено, Барса денес ќе беше прва на табелата“; истакна Лапорта.