Ериксен ги мина прегледите во Интер: Промоцијата е утре (ВИДЕО)

Кристијан Ериксен утре и официјално ќе биде промовиран во нов фудбалер на Интер. Данецот денеска ги мина медицинските прегледи и ги заврши сите формалности околу трансферот. 

Прво веста ќе биде соопштена преку социјалните мрежи на „нераѕруите“, а потоа ќе биде закажана и прес-конференција. Ериксен цело утро беше на медицински тестови, а навивачите на Интер прво го пречекаа на аеродром, а потоа и пред медицинскиот центар.

Ериксен ќе потпиша четиригодишен договор вреден 8 милиони евра по сезона. Неговиот договор со Тотнем истекуваше во јуни годинава, но Интер плати 20 милиони евра за да го доведе уште во јануари.