Ентони оди во Грција за да ја оживее кариерата

Манчестер јунајтед има уште една ужасна сезона, а низ тежок период поминува и бразилскиот интернационалец Ентони кој требаше да биде големо засилување за премиерлигашот, но се покажа како промашување.

Ентони не е омилен кај новиот тренер Рубен Аморим, кој сака да се ослободи од Бразилецот, а спас му нуди грчкиот гигант Олимпијакос.

Олимпијакос планира да го ангажира Ентони на позајмица до крајот на сезоната, при што ќе покрие поголем дел од платата која ја добива од Манчестер јунајтед.