Енрике: Јас сум виновен за црвениот картон на Донарума!

Францускиот шампион ПСЖ славеше со 2-0 против Авр, но остана и без голманот Донарума кој доби црвен картон.

Италијанецот удри противник и беше исклучен, а за неговиот потег одговорност презема тренерот Луис Енрике.

„Не треба да го барате проблемот кај Донарума. Тоа е дефанзивна грешка кај моите играчи. Јас сум тој кој барам од голманот да покрива и да излезе во такви ситуации. Ако некој е виновен за црвениот картон, тогаш тоа сум јас“, кажа Енрике.