
Енрике го призна поразот: Челси го заслужи трофејот!
Енрике беше нервозен и го удри Жоао Педро по натпреварот, меѓутоа на прес-конференцијата потоа призна дека противникот заслужено победил.
„Мислам дека Челси играше многу добро и заслужено победи. Го прифаќаме поразот. Мислам дека одигравме многу добар турнир, иако не успеавме да го освоиме трофејот“, кажа Енрике.
Парижаните оваа сезона ги освоија титулите во Лига 1, францускиот Куп и Лигата на шампиони.