Емини со гол првенец за дански Сондерјиске

Македонскиот интернационалец Сефер Емини вечерва го постигна својот дебитантски гол за данскиот клуб Сондерјиске. 

Фудбалерот од средниот ред стрелаше во 16.минута за да му донесе водство на својот тим од 2-0 против Вендсисел. Сепак Сондерјиске не издржа и на крајот одигра само 2-2. 

По 10.коло тимот на нашиот поранешен репрезентативец се наоѓа на 3.место на табелата во втората данска фудбалска лига со 20 бодови или четири помалку од првопласираниот Велје. 

За Емини вечерашниот натпревар беше четврти настап за новиот клуб сезонава по трансферот од Македонија Ѓорче Петров.