
Фабрегас може да го напушти Комо: Добил понудата од Германија?
Шпанскиот стратег во овој момент го предводи Комо во Серија А со кого има одлични резултати. Лајпциг од друга страна е во потрага по конечно решение откако Жолт Лев го презема тимот како привремена опција до крајот на сезоната по заминувањето на Марко Розе кој доби отказ по лошите резултати.
Фабрегас не бил единствен кандидат, но се наведува дека преговорите започнале, а Шпанецот изразил желба да работи во Германија, меѓутоа нагласил дека прво сака да ја заврши сезоната во Комо со кој е на добар пат да избори опстанок во најсилната конкуренција во Италија.
Комо во овој момент е на 13-тата позиција со 33 бода, девет повеќе од Емполи кој е прв во опасната зона.