
На повидок нова лудост: Мундијал на кој ќе има 128 натпревари?!
Предлогот минатиот месец прв на маса го стави делегатот од Уругвај на состанокот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
„Убедени сме дека прославата на 100-годишнината ќе биде единствена бидејќи само еднаш се слави 100 години“, изјави Домингез на редовниот конгрес на КОНМБЕГОЛ.
Мундијалот во 2030 година ќе го организираат шест земји на три континети. Уругвај беше прв домаќин во 1930 година и ќе организира еден натпревар, додека останатите натпревари ќе се играат во Парагвај, Шпанија, Португалија и Мароко. Трите последни земји сепак ќе бидат главните домаќини.
Мундијалите од Франција 1998 до Катар 2022 се играа со 32 екипи, а на претстојниот наредната година во САД, Мексико и Канада ќе учествуваат 48 селекции. Ако ФИФА одобри тогаш Светското првенство во 2034 би било со 128 натпревари.