Македонскиот бисер Елиф Елмас кој денеска го комплетираше трансферот во Наполи и стана најскапиот Макеоднец во историјата, со овации беше дочекан од навивачите на наполитанците на пријателскиот меч со Кремонезе.

Елмас е на клупата за резерви и чека шанса за деби од тренерот Карло Анчелоти, но неговото доаѓање предизвика бура од ерупции меѓу гледачите.

Навивачите на Наполи грмеа „Елиф, Елиф“, откако македонскиот фудбалер излезе на теренот, па потоа им отпоздравуваше.

Елмас доаѓа како голема инвестиција на Анчелоти, а Наполи победи во сериозна битка за неговиот потпис со дузина други европски клубови.