Елмас погоди против Пандев и ѝ го загорчи животот на Џенова! (ВИДЕО)

Наполи оствари фантастична победа од 6-0 против Џенова во рамки на 2.коло во Серија А.

Двајцата македонски репрезентативци Елиф Елмас, кај домашниот тим и Горан Пандев кај гостите натпреварот го почнаа од клупата. Наполи во 10-тата минута поведе со 1-0 со голот на Ирвинг Лозано. Елмас доби шанса на теренот во 22-та минута откако се повреди Лоренцо Инсиње. Македонскиот репрезентативец играше нешто поофанзивно на овој натпревари како лево крило и веднаш му врати на Џенаро Гатузо со погодок.

Во второто полувреме, „наполитанците“ го демолираа гостинот, бидејќи Пјотр Зјелински веќе во 46-тата минута зголеми на 2-0, а во акцијата учествуваше и нашиот фудбалер. Потоа во игра влезе Пандев кај гостите, но и тоа не помогна. Домашните погодија преку Дрис Мертенс и уште еднаш преку Лозано за убедливи 4-0. Петтиот гол за Наполи беше дело на Елмас во 69-тата минута. За македонскиот репрезентативец ова е прв сезонски гол и вкупно втор во кариерата во Серија А.

До крајот на натпреварот Матео Политано погоди за конечни 6-0. 

На второт натпревар во Серија А, што започна од 18 часот, Милан славеше на гостувањето кај Кротоне со 2-0. „Росонерите“ го отворија резултатот во финишот на првиот дел од пенал преку Франк Кеси, откако Анте Ребиќ беше фаулиран во шеснаесетникот. Победата за фаворитот ја обезбеди младиот Брахим Дијаз, кој дебитираше во првиот тим по трансферот од Реал Мадрид.