Американец во шок од Белград: Српската кошарка е светлосни години пред НБА - ова е лудило (ВИДЕО)

Кошаркарите на Црвена Звезда загубија и вторпат по ред од почетокот на новата сезона во Евролигата, откако во Белградската арена беа совладани од екипата на Хапоел (80-81), со што се најдоа во незавидна ситуација пред претстојниот дуел против Анадолу Ефес, закажан за в четврток.

Додека кошаркарската јавност го очекува следниот европски предизвик на „црвено-белите“, на социјалните мрежи масовно се прошири видео-снимка од нивниот прв натпревар против Жалгирис. Американскиот инфлуенсер, Кејлеб Винтербурн, кој има огромен број следбеници, одлучил да присуствува на овој дуел и да ја доживее атмосферата во Белград. За време на својата посета, тој наишол на сцени кои воопшто не е навикнат да ги гледа во својата татковина.

„Кога велам дека српската кошарка ја 'шиша' НБА лигата за неколку должини, воопшто не се шегувам. Бев на натпревар во Србија и ќе ви покажам колку беше кул“, изјави Американецот во видео-записот.

Во продолжението од своето вирално видео, тој сподели фасцинантни детали од целокупното искуство. Винтербурн го документираше влезот во Арената и преполните навивачки сектори, а кулминација на видеото е моментот кога полицијата апси еден од навивачите, сцена која предизвика најголемо внимание и стана апсолутен хит на интернет просторот.