Елмас избрал голмански број на дресот - за да биде посебен!

Македонскиот бисер Елиф Елмас попладнево беше промовиран со дрес со број 12 во италијанскиот вицепрвак Наполи, каде што пристигна пред три дена и потпиша петгодишен договор со наполитанците.

Елмас со трансферот од Фенербахче во Наполи за 16 милиони евра плус бонуси, стана најскапиот македонски фудбалер, но постави и клупски рекорд кај истанбулскиот гигант. На промоцијата денеска во Димаро, Елмас се претстави со голмански дрес, избирајќи ја 12-ката, која најчесто ја имаат резервните чувари на мрежите.

На промоцијата тој откри зошто ја земал 12-ката.

„Зошто бројот 12? Сакав да бидам малку посебен!“, им откри Елмас на италијанските новинари.