Елмас доби специјално признание од Наполи - златното стапало на Марадона (ВИДЕО)

Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас кој со шест гола и три асистенции, иако „џокер“ во најголем дел од сезоната, даде силен придонес за историската прва титула на Наполи по ерата на Диего Марадона и 33 години пауза, доби специјално признание од својот клуб – златно стапало на Марадона.

Јасно е дека во Неапол уште 100 титули да се освојат, само еден ќе биде Бог, но Наполи е клуб кој на секој начин се обидува да им оддаде признание на сите херои, па откако богато ги награди со премија од 3,5 милиони евра, на секој играч му направи персонализиран дрес кој е и во продажба, сега фудбалерите добија посебни признанија – шампионското стапало за шампионите.

Секој фудбалер на Наполи, вклучително и Елмас кој доби бурни аплаузи од соиграчите кога го повикаа, добија посебен подарок – златното стапало на Марадона. Наградите беа доделени во тренинг-центарот Димаро во Кастел Волтурно, а задутре Наполи на својот стадион го игра последниот меч сезонава против испаднатата Сампдорија по што официјално ќе го добие и пехарот за нов фудбалски владетел на Апенините.

Елмас е веќе четири години во Наполи откако дојде за 16 милиони евра од Фенербахче, а вчера менаџерот Џузепе Гарди објави дека има „огромен интерес од Англија, Шпанија и Германија, но каква ќе биде изнината прво ќе зависи од новиот тренер на Наполи и неговите идеи дали сериозно ќе смета на македонскиот репрезентативец“.

Видеото од доделувањето на наградата за Елмас може да ја видите на 9:42 минути од видеото.