Елмас денеска ќе биде во Торино да го комплетира враќањето во Серија А

Лајпциг и Торино се договорија за позајмица на Елиф Елмас која денеска треба и официјално да биде комплетирана.

По краток престој во Германија, Елмас се враќа во Серија А, а негов нов клуб ќе биде Торино. Трансферот е договорен, остануваат уште формалностите.

Елмас денеска ќе биде во Торино каде ќе треба да ги помине медицинските тестови и да го потпише договорот.

Торино во договорот за позајмица со Лајпциг има и опција за целосен откуп за 17 милиони евра.