Еибар ја прекина победничката серија од три меча на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид играше одлично во последните неколку меча и кога сите помислија дека ќе фати приклучок кон Реал Мадрид и Барселона токму тогаш Еибар успеа да ги шокира и да слави со 2-0.

Еибар ги шокираше фудбалерите на Атлетико по само 10 минути преку Бургос, по што избраниците на Диего Симеоне се обидоа да израмнат, но не им одеше најдобро.

Во второто полувреме Атлетико создаде дури седум шанси, но не искористи ниту една од нив, по што пристигна казната преку Експозито, кој ги постави конечните 2-0.

Атлетико е третопласиран со 35 бодови, колку и четвртопласираната Севилја, а пред нив се Барселона со 40 бодови, како и Реал Мадрид со 43 бодови.