Е, во ова е разликата помеѓу Роналдо и Меси (ФОТО)

Kристијано Роналдо во четвртокот ја доби Златната топка, престижната награда која ја доделува Франс фудбал, и така се изедначи со Лионел Меси.

Асот на Барселона пред две години комплетираше сет од пет Златни топки, ги освојуваше во 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015 година, а Роналдо беше наградуван во 2008, 2013, 2014, 2016 и 2017 година.

По петтиот трофеј, Роналдо ја изненади јавноста.

„Јас сум најдобриот играч во историјата на фудбалот. Не гледам дека некој е подобар од мене, никој не го направил она што јас сум го постигнал и досега сум направил многу работи што други фудбалери не можат да ги направат“, порача самоуверено Португалецот.

Неговата изјава помина некако, но потегот кој го направи на вчерашниот дуел во Примера на дуелот со Севиља натера бројни љубители на фудбалот да му дадат до знаење дека премногу е „кренат во облаци“.

Кристијано Роналдо на „Сантијаго Бернабеу“ ги построи петте свои трофеи и самоуверено позираше зад нив.

Веднаш потоа, шпанските медиуми, но и бројни љубители на фудбалот на социјалните мрежи, му одговорија со фотографија која е најдобра потврда за тоа колку се тој и Меси различни... Во сѐ!

Aргентинецот по освојувањето на петтата Златна топка првиот натпревар го играше против Атлетико пред домашната публика и тогаш на „Камп Ноу“ го донесе трофејот, позираше со него, но и со уште десетмина играчи на Барселона, со што јасно им стави до знаење на сите свои колеги, дека да не беа тие тој никогаш немаше да го освои ова признание.

Во што е најголемата разлика помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси?

Сите за еден и еден за сите...