Дури 127 играчи од Премиерлигата од вчера се без работа

Звучи неверојатно, но дури 127 фудбалери во англиската Премиерлига која е во ек во моментов и се доигрува после тримесечната пауза поради коронавирусот од вчера се без работа и немаат клуб, откако договорите или заемите им истекоа на 1 јули.

И меѓу фудбалерите има и низа познати, како Давид Силва, Вилијан, Адам Лалана, Џо Харт, а сите овие вкупно 127 играчи кои се останати без работа не потпишале привремено продолжување на договорите додека заврши сезоната.

Во групата на фудбалери кои сега се слободни и бараат ангажман е Пабло Забалета од Вест Хем, Арон Ленон од Барнли, Рајан Фрејзер од Бормут, Омар Ниасе од Евертон, Рос Мекормак од Астон Вила.

Премиерлигашкиот преоден рок ќе започне дури по завршување на сезоната кон крајот на месецов, што значи сите овие ќе мора да почекаат за да направат трансфер, иако Педро од Челси веќе си договори заминување во Рома.