Драма во Мадрид: Мбапе со неверојатен гол му донесе три бода на Реал (ВИДЕО)

Шпанскиот гигант Реал Мадрид во возбудлив натпревар против Леганес славеше со 3-2 во 29. коло од Ла Лига.

Килијан Мбапе во 32. минута од белата точка го отвори резултатот и донесе предност за Реал Мадрид, но Леганес во следната минута преку Гарсија израмни на 1-1. Гостинскиот состав направи целосен пресврт во финишот на првиот дел кога Раба стрелаше за 2-1.

Џуд Белингам на стартот на второто полувреме стрелаше за 2-2, а потоа Мбапе во 76. минута погоди за конечни 3-2 и важни три бодови на „кралевите“.

Реал Мадрид има 63 бодови, колку што има и Барселона по 29 одиграни кола во шпанската Ла Лига.