Драма во Мадрид: Алварез му се заканил на првиот човек на Атлетико

Аргентинскиот фудбалер Хулијан Алварез е разочаран затоа што управата на Атлетико Мадрид јавно зборуваше за неговиот статус и соопшти дека не е на продажба, и покрај големиот интерес од Барселона.

Алварез претходно добил ветување од раководството на клубот дека ќе му биде овозможено да замине во текот на летниот преоден рок, но очигледно во меѓувреме се променил ставот на челниците на Атлетико.

Шпанските медиуми пишуваат дека Алварез е бесен поради тоа што не го почитуваат ветувањето во Атлетико и поради тоа му се заканил на претседателот на клубот од Мадрид.

„Ако продолжи оваа непотребна драма и не го исполните ветувањето, нема повеќе да тренирам со екипата“, наводно се заканил Алварез.

Фото: AFA - Selección Argentina