
Драма на голманот на Барса: Го погребал татко му, па брзал в болница на раѓањето на синот
Минатата недела почина неговиот татко што беше една од причините за минутата молк на завчерашниот натпревар меѓу Барселона и Осасуна на Монжуик. Погребот се одржал во понеделникот, а Пења од гробиштата, брзал в болница каде се наоѓала неговата партнерка Клаудија и на свет го носела нивното прво дете.
Тоа значи дека од погребот на неговиот татко до раѓањето на детето, 26-годишниот голман го делеле само неколку часа. И покрај тоа му беше на располагање на тренерот Ханси Флик за дуелот со Осасуна на кој Барселона славеше со 3-0.