Довбик го „нокаутира“ Лече за седма победа по ред на Рома (ВИДЕО)

Рома влезе во победнички ритам во Серија А, откако вечерва го надигра Лече со 1-0 во 30. коло за седмиот триумф по ред во шампионатот.

Гостите од Рим имаа одлична шанса и погодија во 68. минута преку Манчини, меѓутоа голот беше поништен од ВАР-технологијата поради офсајд.

Александер Довбик, сепак, им донесе радост на гостите откако во 80. минута го матира голманот на Лече.

Рома се наоѓа на шестата позиција во Серија А со 52 бодови, односно четири поени помалку од четвртопласираната Болоња.