Доријан Бабунски го сруши Левски со два гола

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Доријан Бабунски беше стрелец на двата гола во победата на Ботев Враца од 2-0 против Левски во рамки на 2.коло во бугарскиот фудбалски шампионат. 

Голгетерот прво погоди за 1-0 во 5.минута со убав гол со глава, а конечниот резултат го постави во 58.минута од пенал. Ова е одличен старт на сезоната за Бабунски, кој минатата сезона одигра 17 натпревари за Ботев Враца и постигна три гола.

Фото: спортал.бг