Добри вести за Гвардиола: Голема ѕвезда наскоро се враќа во тимот!

Пеп Гвардиола може да здивне по поразот во Лигата на шампиони од Лион (1-2), откако доби одлични вести за ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брајне.

На натпреварот против Лион можеше да се забележи отсуството на Де Брајне, кој на тренинг пред еден месец заработи незгодна повреда на коленото.

На почетокот не можел воопшто да тренира и предвидуваа дека три месеци ќе биде надвор од терените, но очигледно Белгиецот ќе се врати многу порано.

Познатиот шпански физиотерапевт Рамон Кугат успеа да се погрижи за Де Брајне и наскоро играчот ќе се врати на терените.

„Мислам дека за враќање на теренот ќе ми бидат потребни четири-пет недели. Се надевам дека ќе се вратам побрзо за да им помогнам на соиграчите. Би можел да се вратам по следната репрезентативна пауза“, кажа Белгиецот.