Добри вести за Артета, повредата на Рајс не е сериозна!

Фудбалерот на Арсенал, Деклан Рајс се пожали на повреда во градското дерби против Тотнем во Премиерлигата, но по прегледите било констатирано дека станува збор за лесна повреда на грбот.

Рајс беше стартер на сите натпревари на „топчиите“ оваа сезона, но против Тотнем беше заменет на полувреме, по што тренерот Микел Артета кажа дека се надева дека неговиот фудбалер нема да паузира долго.

Според англиските медиуми, Рајс би можел да биде во конкуренција за натпреварот против Бормут во сабота.

Арсенал во моментов е петтопласиран на табелата со четири бодови помалку од лидерот Манчестер сити.