Динамо Загреб активира „бомба“, засилување од Милан во последниот ден од преодниот рок!

Денеска е последниот ден од преодниот рок во Хрватска, а во него Динамо Загреб го комплетира трансферот на Исмаел Бенасер од Милан.

Алжирскиот репрезентативец во Динамо Загреб пристигнува на едногодишна позајмица со можност за откуп по крајот на сезоната.

Работата е договорена, 27-годишниот Бенасер е на пат за Загреб каде треба да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот.

Информацијата ја потврди Динамо Загреб.

„Со големо задоволство можеме да објавиме дека алжирскиот репрезентативец и играч од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер ќе го засили Динамо“, велат од хрватскиот клуб.