Австралија Опен подготвува спектакл за Ѓоковиќ: Ќе биде нешто големо...

Новак Ѓоковиќ со десет трофеи е најуспешен тенисер во историјата на Австралија Опен, па организаторот на овој турнир планира со стил да го испрати во пензија кога тоа ќе дојде време.

Крег Тајли, директорот на Австралија Опен најави дека се подготвува спектакл за 24-кратниот освојувач на Гренд слем турнирите, но не кажа за што точно се работи.

„Се што можам да кажам - ќе биде нешто големо. Се надевам дека тоа нема да биде наскоро бидејќи Новак е одличен тенисер и би сакал да игра уште долго. Кога ќе дојде време, имаме некои идеи, но прерано е сега да ги откриваме“, изјави Тајли.

Ѓоковиќ има 38 години и јасно е дека крајот на неговата кариера се ближи, но тој се уште му пркоси на времето и игра на врвно ниво. Вечерва го очекува меч во полуфиналето на УС Опен против Карлос Алкараз, а сезонава стигна до оваа фаза на сите четири Гренд слема.