
Гатузо дебитира како селектор: Немам време за емоции, ме чека многу работа!
„Аѕурите“ немаат добар почеток на квалификациите за СП зашто имаат освоено само три бодови по два одиграни меча, а сè уште не го забораваат тешкиот пораз од Норвешка со 0-3.
„Немам време за емоции, имам голема одговорност. Можеби ќе почувствувам нешто за време на химната, но тоа е сè. Мора да постои понизност. Ако се згреши додавање, треба да се размислува како ќе се корегира грешката. Ако згрешиш, не смееш да запреш и да мислиш дека некој друг ќе реагира наместо тебе. Мора секогаш да размислувам за победа“, кажа Гатузо.
Натпреварот меѓу Италија и естонија се игра вечерва од 20.45 часот.
Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio