
Јошко Миленковски е добитник на наградата „8 септември“ за животно дело во спортот (ФОТО)
Миленковски беше награден за неговиот исклучителен придонес во развојот на спортот, како и афирмација на државата на меѓународен план.
Актуелниот селектор на Македонија во кариерата досега освои 28 пехари, меѓу кои се 15 титули во првенствата со Работнички Фершпед, како и 13 освоени Купови, односно 12 со Работнички и еден со Борец Универзал промет.
На церемонијата признанија за спортски остварувања им беа доделени и на Зоран Николовски, Хамид Бакија, Виктор Тевчев и Кирил Манев - спортисти, тренери и спортски работници кои оствариле белег во македонскиот спорт.