
Пелистер се засили со уште еден Американец – доаѓа од второлигаш од Израел!
Станува збор за 30-годишен крилен играч, висок 201 сантиметар, со големо интернационално искуство. Настапувал во Германија, Франција, Финска и Грција, а пред две сезони беше еден од клучните играчи за титулата на косовска Трепча. Минатата сезона играше во дресот на израелскиот второлигаш Хапоел Мигдал, каде имаше просек од 18,3 поени, 4,8 скокови и 2,3 асистенции по натпревар.
Брејси Дејвис е третото странско засилување на Пелистер за новата сезона, по Никола Малешевиќ и Остин Прајс.