Алаба не се враќа во Мадрид: По мечот во БиХ ќе лета за Турција!?

Шпанскиот гигант Реал Мадрид се обидува да го продаде Давид Алаба, кој нема место кај тренерот Чаби Алонсо, а како негова следна дестинација се споменува Бешикташ.

Алаба во моментов е во кампот на репрезентацијата на Австрија која се подготвува за дуелите против Кипар и Босна и Херцеговина, а по мечот во Зеница на 9 септември се очекува да замине за Турција.

Преодниот рок во Турција сè уште трае и тоа сака да го искористи Бешикташ, кој преговара со фудбалерот, откако „кралевите“ дадоа „зелено светло“ за реализација на трансферот.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.