Нов спектакл во рингот: Тајсон и Мејведер договорија бокс-меч

Најголемите боксерски легенди повторно се враќаат во рингот, а тоа го најави Мајк Тајсон кој ќе се бори со Флојд Мејведер во текот на 2026 година.

Мејведер се повлече од боксот уште во 2017 година, иако имаше уште еден егзибициски меч во 2024 година, додека Тајсон неодамна се бореше против Џејк Пол и подготвен е повторно да влезе во рингот.

Тајсон преку социјалните мрежи објави дека договорот меѓу двете страни е потпишан, но засега не се откриваат повеќе детали каде ќе се одржи битката.