
Дончиќ во бизарна ситуација: Не стоев на химната, морав во тоалет
Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс не беше во стројот на словенечкиот тим, а причината за тоа е бизарна и тој ја откри во изјавата по завршувањето на натпреварот.
„Морав да завршам нешто во тоалет. Ако тоа ве интересира, не знам што да кажам. Не би ја пропуштил химната, но итно беше, не можев да чекам до полувремето“, изјави Дончиќ.
Откако заврши работа, тој блесна на теренот и малку недостасуваше да дојде до трипл дабл, постигнувајќи 37 поени, 11 скока и 9 асистенции.