Мало богатство за дуелот на Ѓоковиќ и Алкараз - не постои поевтин билет од 1.000 долари

Вечерва од 21 часот по средноевропско време во Њујорк ќе се сретнат Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ во уште еден Гренд слем спектакл.

Интересот за овој меч е огромен, па нормално е тоа што билетите достигнаа неверојатни цени. За овој меч не постои поевтин билет од 1.000 долари, а најевтиниот чини 1.011 долари. Ако некој сака да гледа од долниот дел на стадионот, ќе мора да одвои неверојатни 9.700 долари.

Овие цени се највисоки во историјата кога станува збор за УС Опен, поскапи дури и од оние за дуелите меѓу Надал и Федерер. Инфлацијата и времето си го прават своето, но секако овие суми се огромни за обичните љубители на тенисот.