Димитриевски: Сè уште водиме преговори, не сум потпишал за никого!

Македонскиот голман Столе Димитриевски за неколку месеци ќе стане слободен агент поради тоа што му завршува договорот со Рајо Валјекано, а сè уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Во изминатиот период се појавија приказни дека за потписот на Димитриевски се заинтересирани неколку шпански екипи, а „Ас“ објави дека чуварот на мрежата е блиску до потпис со Валенсија, но Столе демантира дека има договор со било кого.

„Не се вистина шпекулациите дека сум се договорил со Валенсија. Во изминатите години имаше многу шпекулации за мојата иднина. Сè уште водиме преговори, сакам да останам, но ќе видиме што ќе се случи. Не сум потпишал со никого“, кажа Димитриевски за „Марка“.