Дијаз погоди по 14 секунди, Баерн без многу мака до нови три бода (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен без поголеми проблеми славеа победа од 0-3 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со што избраниците на Компани се вратија на врвот на табелата.

Резултатот го отвори Луис Дијаз кој го постигна еден од најбрзите голови во историјата на Бундеслигата и по само 14 секунди на асистенција Гнабри стрелаше за 0-1.

Ајнтрахт во 14. минута постигнаа гол, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција. Баерн до зголемување на водството стигна во 27-та минута кога Хари Кејн го постигна 11-гол во првенството.

Во вториот дел Дијаз со еден убав гол само го потврди триумфот.

На табелата Баерн сега има 18 бода, четири повеќе од Борусија која денес ремизираше 1-1 против Лајпциг.

Фото: FC Bayern München