Дибала во јануари заминува од Јувентус

Сопственикот на Палермо, Маурисио Замперини, смета дека Паоло Дибала ќе го напушти Јувентус во јануари бидејќи е незадоволен од статусот во клубот.

Талентираниот Аргентинец од три одиграни натпревари во Серија А, на само еден беше стартер и вкупно на терен помина 100 од потенцијалните 270 минути.

Тренерот на италијанскиот шампион, Масимилијано Алегри, не му дава многу шанси и Замперини смета дека Дибала ќе го напушти клубот наскоро.

„Пред две години му испратив порака на Дибала да замине во Шпанија, таму може да игра фудбал, а не во Италија. Мислам дека ќе го напушти Јувентус уште во јануари и ќе се пресели во Шпанија. Во минатото имаше понуди од Англија и од Пиринејскиот полуостров“, изјави Замперини.

Дибала три сезони помина во Палермо, а во 2015 година се пресели во Јувентус. Одигра 142 натпревари за клубот од Торино, постигна 68 гола, а 25 пати асистираше.

Ова лето за него беа заинтересирани Реал и Атлетико Мадрид, како и неколку клубови од Премиерлигата.