„Дејли Мејл“ откри зошто Кејн не се појавил на тренингот на Тотнем

Англискиот репрезентативец Хари Кејн не се појави на тренингот на Тотнем, а тоа предизвика шпекулации дека напаѓачот бојкотира и сака да договори трансфер во некој друг гигант, но медиумите од Островот сега откриваат за што станува збор.

Кејн се споменуваше како главна желба на Манчестер сити, кој беше подготвен да плати 100 милиони фунти за него, но засега трансферот не е блиску до реализација.

„Дејли Мејл“ објави дека Кејн не го бојкотира тренингот на Тотнем, туку напаѓачот се наоѓа во самоизолација по враќањето од Бахамите, каде што одмарал по напорната сезона.

Ако добие негативен тест на ковид-19, Кејн ќе се приклучи на тренинзите на Тотнем на крајот на оваа или почетокот на следната недела.